КУД „Вера Јоциќ“ го најавува својот Годишен концерт

Македонска Каменица 13.12.2018 година – КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица на 21.12.2018 година, со почеток од 18:00 часот, го најавува својот традиционален Годишен концерт. По тој повод ги поканува сите љубители на фолклорот и народната традиција од регионот, да присуствуваат на 90 минутно уживање во Домот на култура во Македонска Каменица.

Од друштвото изјавуваат дека Годишниот концерт е обичај на кој традиционално на сцена се претставува целиот Ансамбл со свој широк репертоар на народни песни и ора. Ова, на еден начин ќе биде уште една можност за запознавање на каменичката публика со репертоарот на друштвото, посебно на новите содржини работени во изминатиот период.
Гости на концертот ќе бидат Културно уметнички друштва од соседна Бугарија, долгогодишни пријатели на КУД „Вера Јоциќ“.

Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *