Кривична пријава за сопственик на угостителски објект во Грдовци поради непочитување на работното време

Угостителски објект во кочанското село Грдовци не го почитувал работното време, при што синоќа по 22 часот, полицијата затекнала гости присутни во локалот.

„ Во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување на ширење на Ковид-19, односно не го почитувал работното време.

По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *