Крводарителска акција во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01.03.2021 година – Во петок, 05.03.2021 година, од 9:30 до 13:30 часот во Дом на културата во Македонска Каменица ќе се одржи редовна крводарителска акција.
Во соопштението за јавност и поканата за учество во акцијата упатени од Црвениот Крст стои „ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да даруваат крв да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението, a воедно ги покануваме и сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да датуваат крв“.

На крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *