Крадците на сефови во Шпаркасе се претставиле како туристи, имале помош од вработен во банката

Двајца странски државјани и еден државјанин на Македонија се осомничени за кражбата на сефови Шпаркасе банка. Станува збор за еден државјанин на Романија и еден на Молдавија кои соработувале со вработен во банката.

Според неофицијални информации, странските државјани се појавиле во филијалата на Шпаркасе банка како туристи, а потоа истите се појавиле како вработени во компанија, за што им помогнал Македонецот вработен во компанијата.

Најверојатно дел од трезорот со сефови не бил покриен со видео надзор што го олеснало извршувањето на кражбата.

Како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи, пет лица пријавиле во полиција дека од нивните сефови во банката недостасуваат пари и вредни предмети. Од Основнот јавно обвинителство известија, пак, дека се проверуваат снимките од видео надзорот и се врши вештачење на материјалните траги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *