Кој зема највисока плата во Македонија?

Кој ги зема највисоките плати во Македонија?

78 137 денари била бруто платата во април во воздухопловен транспорт.

64 879 денари земале луѓето кои работат во секторот информации  и комуникации.

Платите за оние кои работат во канцелариско-административни и помошни дејности и деловнопомошни дејности биле 41 760 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 105.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен  во секторите: Рударство и вадење на камен (32.1 %), Преработувачка индустрија (13.1 %) и Објекти за сместување и  сервисни дејности со храна (11.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.3 %), Административни и помошни услужни дејности  (4.1.%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2018 изнесува 35 117 денари.

фактор.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *