Кошаркарките од СОУ “Миле Јаневски – Џингар” се вратија со бронза од гимназијадата во Тетово

Македонска Каменица, 13. Мај 2018 година – Учениците од СОУ “Миле Јаневски – Џингар” од Македонска Каменица, забележаа значаен успех на завршниот турнир во кошарка (женски). Во рамки на државното првенство од училишен спорт (гимназијада), кој се оддржа викендов во Тетово, тие го освоија високото трето место.

Во разигрувањата по групи завршија на второто место во силната Б-група, при што во полуфиналето вкрастија со првопласираната екипа од А-група, односно екипата на СОУ “Наум Наумовски – Борче” од Пробиштип. Натпревар кој беше решен по две продолженија со 48:45, во корист на девојките од Пробиштип. Вистинска драма на теренот во текот на целиот натпревар, многу пресврти, особено во кратките продолженија.

По неуспехот во полифиналето девојките од “Миле Јаневски – Џингар”, одлично го одиграа натпреварот за трето место против екипата на СОУ “Јосип Броз ТИТО” од Битола, победувајќи ја со 50:46.

Тренер на женската екипа од СОУ “Миле Јаневски – Џингар” беше проф. Лилјана Петровска, заедно со проф. Зденко Доневски, кој ја предводеше екипата на завршниот турнир во Тетово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *