Кочани: Се повеќе деца го фаќаат патот на дрогата и криминалот

Расте бројот на деца со дебели криминални досиеја во Кочани. Според последниот извештај од кочанската полициска станица, над 30 деца лани биле извршители на кривични дела тешки кражби, крадење на моторни возила, предизвикување општа опасност, како и полов напад на лице кое не наполнило 14 години.

  • Имаме зголемен број на извршители малолетници, бројот е зголемен за 9%. Имаме зголемен број на деца извршители на кривичните дела неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, кажа Горан Јакимовски, командир на ПС Кочани.

Но, освен овде, алармантна е состојбата и со употреба на опојни дроги кај малолетниците во Кочани :

  • Имаме зголемување на бројот на деца уживатели на опојни дроги, тоа е податок кој загрижува, истакна Јакимовски.

Според евиденциите на ПС Кочани, во изминатата година, за деца се водени вкупно 46 постапки, од кои 25 за кривични дела, 15 за прекршоци против јавниот ред и мир и 6 за прекршоци од областа на сообраќајот.

Со цел вакви дела во иднина да биде се помалку, кочанската полиција и годинава ќе организира едукативни предавања за заштита од конзумирање на цигари и алкохол, употреба на дрога, предавања за насилство, педофилија како и за употребата на пиротехнички средства и петарди.

Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *