Кочани додели стипендии за 22 студенти

Дваесет и двајца кандидати, студенти на државните универзитети во  Македонија ќе добиваат стипендии од општина Кочани.

Според Комисијата за доделување стипендии, на распишаниот конкурс пристигнале 29 пријави, од кои седум неприфатливи. Четворица кандидати не го исполниле критериумот за успех, еден кандидат не е студент во Република Македонија, еден се пријавил како запишан во прва година и еден во втор циклус на студии.

Месечниот износ на општинската стипендија е 2.500 денари, за десет месеци во годината.

Студентите на кои им е доделена стипендија имаат обврска за практична работа во органите на Општината во траење од 15 дена за време на летниот распуст.

Извор: Стар ТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published.