Кочани добива пречистителна станица до крајот на годината

До крајот на годинава, Кочани ќе добие пречистителна станица. Ова, денес го најави амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сутер Тејада, која заедно со градоначалникот Илијев и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања, беа на увид на градежните активности :

„Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на оваа година, а пуштање во работа да биде некаде во средината на идната година“, најави Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија.

Во пречистителната станица кај Мојанци ќе бидат третирани отпадните води од Кочани и од околните села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители.

Целиот комплекс ќе биде опремен со најсовремена технологија за пречистување на отпад на мала површина и минимални трошоци за експлоатација и одржување. Заради заштеда и непречено снабдување со лектрична енергија се предвидува да се изгради и фотоволтаична централа.

Освен ова, Кочани со Швајцарија соработува и во други проекти :

„Работиме и на зајакнување на капацитетите на јавното претпријатие „Водовод“ од Кочани и се обидуваме да го зголемиме нивното знаење, да ги подобриме практиките се со цел да може самото претпријатие да пружи добри услуги на граѓаните“, објасни Франсоа Саламе, претставник на СЕКО.

Инаку, за изградба на пречистителната станица за Кочани, швајцарската Агенција за развој и соработка, обезбеди грант од 21 милион швајцарски франци, а околу два милиони евра се од буџетот на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *