Кочани: Две лица тешко повредени во сообраќајка

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кочани.

Според информациите на МВР, вчера 04,30 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ автомобил „киа спортаж“ со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *