Кочанец останаа без своето “ауди” во Скопје

Во Ѓорче Петров украдено „Ауди“

17 декември 2017 (каменица.мк)

Непознат сторител во Скопје одзел автомобил „Ауди А5“ со кочански таблички, откако лицето што го управувало запрело да купи бурек и го оставило возилото изгаснато со клучот внатре.

Полицијата соопшти дека вчера напладне А.А. (26) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

– Кога пријавителот влегол во бурекџилница, го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец. На тој начин пријавителот е оштетен за околу еден милион и 800.000 денари, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *