КОРОНАВИРУС: Најавени засилени инспекциски контроли во угостителските објекти, казина и спортски обложувалници во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 13.03.2020 година – На 17-та владина седница согласно предлозите на Министерството за здравство, усвои заклучок со ригорозни мерки кои наложуваат скратено работно време на угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина и спортските обложувалници да работат со скратено работно време, од 7.00 часот до 18.00 часот. Исто така, треба да се следи мерката за преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.

Врз основа на мерките донесени на седницата на Влада од страна на пазарниот инспекторат, останатите надлежни инспекциски служби, како и органите за јавен ред и мир,  се најавуваат засилени контроли и инспекциски надзор врз работењето на наведените објекти. Кон оние што нема да се придржуваат кон мерките на Влада и Министерството за здравство за превенција од новиот коронавирус се предвидени ригорозни казни и санкции.

Доколку граѓаните забележат непочитување на мерките донесени на седница на Влада , од страна на објектите со наложено скратено работно време, истиот можат да го пријават на следниот анонимен телефонски број во Државниот пазарен инспекторат  Делчево 033 413 534

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *