„Конопфест“ ќе се оддржи на 20-ти април на „Школка“ во Градски парк

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ за 20 април на „Школка“ во Градски парк го најавува „Конопфест 2018“.  Фестивалот симболично започнува од 16:20 часот, а годинава ќе се одржува под мотото „Една билка, еден живот“.

„Ве очекуваме во голем број соборци да им покажеме на надлежните дека сме тука и немаме намера да си одиме се додека не се исполнат нашите барања!“, велат од „Билка“, кои како Здружение се залагаат за целосно декриминализирање на канабисот, како во медицински, така и во рекреативни цели.

Инаку, од Здружението ја објавија и листата на настапувачи: ЛД пистолеро, Да Џака Накот,  Слаткаристика, диџеј Гоце САФ, диџеј Чваре, „Конкеринг лајн“, Гиш, Дани Димитровска, „Д.Н.О.“, „Репортерс“, Горан Кан, Бени и „Нон Стоп“, диџеј Димитри од Чаир, „Стринг Форсис“, „Белучи квартет“, „Бета Хаус“.

Редоследот на настапи ќе биде дополнително објавен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.