КОНКУРС за избор на Координатор од Македонска Каменица за Summer camp 2019

Програмата Summer Camp – Летен Камп, 2019 е креирана од страна на КУД„Гоце Делчев“ Делчево – Македонија, во партнерство со ФАНПТ„А.Мачев“ Бургас – Бугарија.
Програмата на Summer Camp, 2019 е конкурентска и достапна на сите младинци/ки од регионот. Се работи за еднонеделен камп за лидерство (месец јули 2019) кој има за цел да го развие внатрешниот потенцијал на младинци/ки за култура со тоа што ќе им овозможи да стекнат знаење и вештини за да станат активни лидери во нивните заедници.
Во кампот се вклучени активности за уметничко изразување, волонтирање, животни определби, здравје, граѓанско општество и јакнење на свеста за пороците на денешницата, Награди, Сертификати за учесниците на кампот.
УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КООРДИНАТОР
• Право на учество имаат младинци и младинки од Македонска Каменица
• Да имаат завршено најмалку средно образование
• Да се активни лидери во нивната заедница
• Да се комуникативни и спремни за тимска работа
За исполнување на условите, задолжително се доставува:
• Биографија на кандидатот
• Мотивационо писмо

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ
Конкурсот е отворен 15 дена од денот на објавувањето (27.03.2019)
• Пријавите по конкурсот можат да се достават по електронски пат kud_goce_delcev@yahoo.com
• Пријавите по конкурсот можат да се достават по пошта: КУД„Гоце Делчев“ Делчево, Ул.Методи Митевски Брицо бб Делчево 2320
• Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на конкурсот, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на конкурсите не се враќаат.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ
• Сите учесници на конкурсот за резултатите ќе бидат известени во рок од 7 работни дена по завршување на конкурсот и ќе бидат повикани на интервју.

Информации на телефон: 070 537 544; Фејсбук: kudgocedelcevdelcevo (во инбокс) и канцеларија на КУД„Гоце Делчев“ Делчево (за конкурсот секоја сабота од 10:00 до 15:00 часот)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *