Конкурс за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2016/2017

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на Р.М” бр.5/02), а согласно член 5 од Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основно и средно образование и на студенти запишани во државните училишта и државните универзитети од општина Македонска Каменица бр.08-1907/1 од 10.10.2016 година. Градоначалникот на општина Македонска Каменица распишува:

КОНКУРС

за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2016/2017г.

Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2016/2017 година ќе додели 12 стипендии за ученици во основното и средното обраозование и студенти од општина Македонска Каменица од кои:

  • 4 (четири) стипендии иа редовни ученици запишани во општинското основно училиште Св” Кирил и Методиј” М.Каменица;
  • 4 (четири) стипендии на редовни ученици во државните средни училишта и;
  • 4 (четири) стипендии на редовни студенти запишани на државните универзитети.

1.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат ученици/студенти кои се:

  • Жители на општина Македонска Каменица (од градот М.Каменица и населените места кои припаѓаат на општина М.Каменица);
  • Редовни студенти и ученици во основно и средно образование;
  • He се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;
  • Учениците во основното образование можат да се пријавуваат започнувајќи од осмо одделение;
  • Учениците од средно образование може да се пријават започнувајќи од трета учебна година;
  • Студентите може да се пријавуваат започнувајќи од втора студиска година;

 Н.НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребни документи:

На конкурсот се поднесува пријава кон која се приложуваат следните документи:

За ученици;

-Потвда за започната учебна година за ученици;

-Копија од свидетелство за завршено седмо, односно осмо одцеление основно образование;

-Копија од свидетелство за завршена втора.односно трета година средно

образование;

За студенти;

-Потвда за редовно запишан зимски семестар за соодветна студентска година; -Уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот ги има положено 100% испитите од претходните години;

Учениците и студентите треба да достават ги достават и следните докумети:

  1. Изјава за семејната положба заверена од месната самоуправа;
  2. Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на ученикот / студентот и на членовите на неговото семејство;
  3. Потврди за висината на платите на членовите на семејството на ученикот/студентот
  4. 3а членовите на семејството на ученикот/студентот кои се пензионери – пензиски чек за последниот месец;
  5. 3а невработените членови од семејството на ученикот/студентот -потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.

Рок на пријавување од 10.11.2016 година до 25.11.2016 година.

Пријавите со потребните документи се поднесуваат во затворен плик во Архивата на општина Македонска Каменица или по пошта на адреса:

Општина Македонска Каменица ул” Каменичка” бр.2 М.Каменица

Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат предмет на разгледување.   bilbord370x230cm__za-mail__01

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *