Конечно: Прва победа и радост за девојчињата од ЖФК Каменица САСА

12.XII.2017 kamenica.mk

ЖФК Каменица- Саса ја извојува првата победа оваа полусезона. Во недела, на гостувањето во Скопје, против ЖФК Њу Јорк одиграа одличен натпревар и заслужено победија со 2:4.

Играта на натпреварот со одлично поставена одбрана, брзи и продорни напади од контра и полуконтра вродија со плод за вака поволен резултат. Во текот на натпреварот и домаќините имаа свои шанси за уште погодоци, беа досудени и два удара од 11 метри, но успешно беа одбранети од неприкосновениот гостински голман на натпреварот, Николија Стојановска. Играч на натпреварот беше Тара Димитровска која со три хет-трик ја запечати оваа прва и многу значајна победа на каменичките девојки. Во листата на стрелци се запиша и Дајана Ристовска.

Женскиот фудбал за прв пат оваа сезона се игра во Каменица, а екипата се натпреварува во Првата женска фудбалска лига на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.