Комедијата „Вдовицата се мажи“ утре гостува во Дом на култура

Комендијата „Вдовицата се мажи“ – претстава во изведба на театар Јордан Х.К. Џинот од Велес, утре со почеток од 19:30 часот гостува во Дом на култура – Македонска Каменица.
Претставата е во режија и адаптација на Младен Крстевски и текст од „Мечка“ на А.П. Чехов
Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски, се имињата на актерите кои го движат дејството на сцена.
Влезниците со цена од 100 денари веќе се пуштени во продажба, истите можат да се купат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица.

*претставата е наменета за публика над 16 годишна возраст

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *