Колкави порции треба да јадете во текот на денот?

Ако сте фанатик кој се грижи за тоа што јаде и како јаде, тогаш знаете дека во текот на денот треба да јадете 5 порции.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-01.jpg

Но, дали знаете колкави треба да бидат тие порции?

Нутриционистот Сузи Бурел вели дека денес забораваме на тоа колку храна внесуваме во организмот и претеруваме со големината на порциите.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-1.jpg

Според неа, повеќето од нас јадат многу повеќе и внесуваат многу повеќе калории отколку што треба според тоа колку трошиме.

Еве како треба да изгледаат порциите според неа:

Сирења и кашкавали – големи колку кутија за чкорчиња

Една порција на ден од омиленото сирење или кашкавал треба да биде голема колку една кутија со чкорчиња. Тоа е отприлика 30 до 40 грама што е доволно за внесување на мастите и калориите кои ги има овој млечен производ.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-2.jpg

Месо или масна риба – колку дланката

Мислиме дека внесувањето на повеќе протеини од шеќери ќе ни помогне да ослабеме, но и со протеините не треба да се претерува.

Порцијата од било кое месо или масна риба треба да биде голема колку дланката, односно околу 70 до 100 грама.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-3.jpg

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-4.jpg

Тестенини и ориз – колку една шолја

За многумина полната чинија тестенини се задоволство, но тоа значи дека внесувате многу јаглехидрати.

Ако сакате да ја контролирате тежината и да се храните здраво, тогаш треба да внесувате околу половина, до една цела шолја тестенини или ориз.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-5.jpg

Маслиново масло – една до две лажици

Маслиновото масло како е здраво, но тоа не значи дека треба да претерувате, една до две лажици на салата или за готвење се доволни во текот на еден ден.

Зеленчук и салати – една поголема чинија за салати

Најлесниот начин да ослабете е да почнете да внесувате повеќе зеленчук во организмот, а една поголема чинија е сосема доволна.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-6.jpg

Чоколадо – еден прст

Две до три коцки или отприлика едно парче колку прст е повеќе од доволно да јадете во текот на денот.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-7.jpg

Леб – колку тетратка

Лесно можеме да претераме со јадење на леб. Оние поголемите парчиња често знаат да бидат и над 100 калории.

Кога јадете леб, одберете потенко сечкани парчиња и гледајте да бидат големи отприлика колку една тетратка.

kolkavi-porcii-treba-da-jadete-vo-tekot-na-eden-den-8.jpg

Сосови – една лажица

Ниту со сосовите не треба да претерувате. Поточно, од нив во текот на денот не треба да јадете повеќе од една лажица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.