Колкави вредносни ваучери добија каменичките клубови од Агнецијата за млади и спорт за 2020 година?

Клубовите, националните федерации и индивудалните спортисти ја добија листата на поделени ваучери за тековната 2020 година од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Кога сме кај фудбалот, поточно клубовите најголема сума доби актуелниот шампион, Шкендија, вредноста на ваучерот изнесува 11,500,000 денари, додека Вардар пак доби 10,500,000 денари. На третото место на оваа листа е Академија Пандев со 9,800,000 денари. Каменичкиот второлигаш „Каменица Саса“ доби вредносен ваучер во износ од 1,600,000 денари, додека на лидерот на табелата во Првата женска фудбалска лига, ЖФК „Каменица САСА“ му припадднаа 1,100,000 денари.

Според истиот принцип во кошарката актуелниот бранител на титулата МЗТ Скопје доби ваучер во вредност од 15,800,000 денари, зад него е најтрофејниот кошаркарски колектив со 11,390,000 денари, по што следува Куманово со 11,900,000 денари. КК Баскет Кам за 2020 година од страна на Агенцијата за млади и спорт доби 1,000,000 денари.

Комплетната листа можете да ја видите на следниот ЛИНК. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *