КОИ И КАКО ГЛАСАА ДЕЛЕГАТИТЕ ОД КАМЕНИЦА ЗА ВЛАДО АНДОВ СО „ДУБАРА“ ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОФС – КОЧАНИ?!

Она што вистинските познавачи на фудбалските прилики во Кочани и пошироко во регионот го претпоставуваа, во целост се реализираше на денешниот избор за Претседател на ОФС Кочани на редовното Собрание на ОФС – Кочани на кое својата кандидатура ја имаа истакнато Владо Андов и Љубчо Ѓоргиевски.

Верификационата комисија констатира 29 делегати со право на глас додека на оние кои за прв пат присуствуваа на Собранието иако се членови на Собранието предложени од нивните клубови од неразбирливи причини  секретарот на ОФС – Кочани Иванчо Захариев не дозволи да им бидат верификувани мандатите. Затоа пак, Захариев им даде право на глас и право да учествуваат во работата на Собранието на поранешните, веќе нелигитимни претставници од клубовите, како на пример делегатите од ФК Каменица Саса – Македонска Каменица. Истите веќе подолг период немаат ништо заедничко и не го претставуаваат клубот, односно немаат никаква поврзаност со фудбалот во Македонска Каменица.

Тоа беше јасен сигнал дека Собранието ќе работи по теркот на венчаните за фудбалот кои десет години преку разни комисии и функции го цицаат фудбалот во ОФС – Кочани и пошироко.

Кога почнаа да бидат предлагани членови на комисиите се виде дека нивниот фаворит кој години наназад е речиси на секоја функција во Македонскиот фудбал нема сигурен број на подржувачи ги фати паника, па за време на паузата поради венчавка во истата сала измислија дека еден од кандидатите Љубчо Ѓоргиевски немал легитимна кандидатура иако документите без приговор му беа прифатени од секретарот на ОФС – Кочани при поднесувањето а згора на тоа му беше дозволено од говорницата да ја образложи својата кандидатура.

„Масло“ на огнот фрли и толкувањето на членови од Статутот од страна на Владимир Гашевски – Претседател на Изборната комисија при ФФМ кој се однесуваше како да без неговото толкување сите други не ги познаваат прописите.

Но по многу натегања, Собранието продолжи со работа. Најпрвин беше констатирано дека тројца делегати си заминале па требаше да гласаат останатите 26.

За Владо Андов гласаа 12 делегати, оние што беа против набрзина беа изброени  по што секретарот на ОФС – Кочани во оваа прилика Претседавач на Собранието Иванчо Захариев го прогласи Владо Андов за Претседател на ОФС – Кочани иако истиот не доби глас од 50% +1 од присутните делегати.

Потоа набрзина Зоран Васевски беше избран за Потпретседател со што Собранието заврши со работа.

Гашевски свесен дека изборот не е легитимен иако присуствуваше на Собранието не сакаше да излезе на говорницата и да ја образложи ујдурмата туку додека останатите делегати излегуваа од салата се упати да му честита на ново „избраниот“ Претседател за да после излегувањето од салата пред незадоволните делегати изјави дека писмено ќе се произнесе, во што сите се посомневаа.

На потег се сега легитимните органи во ФФМ да одлучат дали изборот на Андов е легитимен или не, но знаејќи дека Андов е дел од нивната „фамилија“ веќе подолг период малкумина веруваат дека ујдурмата ќе биде исправена.

Со денешниот „избор“ на Владо Андов за Претседател на ОФС – Кочани  уште еднаш се потврди дека фудбалот во Македонија е на самото дно и дека треба да се случат корените промени за да еднаш за секогаш престане ова зло кое царува повеќе од осум години.

Можеби ова што денес се случи во Кочани е и добро за фудбалот бидејќи со ова се отвори долги години скриената „Пандорина кутија“.

ИЗВОР: КОМАРЕЦ.КОМ.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *