КОИ ИНСТИТУЦИИ ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ ЌЕ РАБОТАТ ВО ДВЕ СМЕНИ?

Од први септември дел од администрацијата во земјава ќе работи во две смени, за да им се излезе во пресрет на сите граѓани, а флексибилно работно време ќе има и за државната управа. Ова вчера го соопшти министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски.

Работното време во овие институции ќе се одвива од 7 до 14:30 часот и од 14 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот со време на работа од 8 до 16 часот. Конкретно станува збор за Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав.

– Ова е една од мерките коишто Владата ќе ги преземе во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација. Исто така, со оваа мерка сакаме да им излеземе во пресрет и на родителите коишто во различно работно време почнуваат со работа. Очекуваме оваа мерка да придонесе кон намалување на сообраќајните гужви особено во големите градови пред почетокот и по завршувањето на работното време – рече Манчевски.

Ќе се воведе и флексибилно работно време на сите вработени во државната управа, работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *