Кога нема дрвја во Каменица, зошто нема!? Кога ќе ги засадат – ги крадат!

Кога нема дрвја, зошто нема! Кога ќе ги засадат – ги крадат!

Македонска Каменциа, 22.03.2019 година – Успехот на вчера започнатата акција на ЈП Камена Река во соработка со останатите институции и воспитно-образовни установи во Македонска Каменица за разубавување на градот со засадување на декоративни листопадни и зимзелени дрвја, е доведен во прашање од страна на несовесни граѓани. Имено, на повеќе локации во градот, дел од истите веќе се искорнати и украдени. Значителни и забележливи оштетувања има врз новозасадената „жива ограда“ засадена околу старите градски гробишта и околу старата градска црква Св. Илија, кае поголем дел од истата веќе е откорната и садниците се украдени.

Од ЈП Камена Река уште еднаш апелираат до несовесните граѓани да престанат со ваквиот недоличен и вандалски начин на однесување кон животната средина и урбана опрема во градот. Исто така предупредуваат дека случајот веќе е пријавен до надлежните органи и кон сторителите ќе бидат поднесени соодветни санкции. До граѓаните на Македонска Каменица упатуваат молба, доколку забележат уништување или кражба на урбана опрема и садници, случајот веднаш да го пријават во полиција, бидејќи само така ќе можеме да се справиме со несовесните меѓу нас, кои во последниот период ги има се повеќе, за жал.

Акцијата со засадување на пролетни декоративни дрвца ќе продолжи и во наредниот период и истата ќе биде проширена со хортикултурно уредување на јавните површини со сезонско цвеќе, со цел Македонска Каменица да обие комплетно нов, модерен и урбан лик. – додаваат одговорните лица од ЈП Камена Река.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *