Кобно второ полувреме за САСА во Радовиш

Денес се одигра 4-тото коло од Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток. ФК Каменица Саса гостуваше во Радовиш против екипата на ФК Плачковица. Во изедначен натпревар, на лош терен за игра, во кој судиите беа во центарот на вниманието, ФК Каменица Саса замина поразена со 2:1.

ФК Каменица Саса го отвори резултатот на самиот крај на првиот дел, кога по одбиена топка автогол си даде домашниот играч Јане Стојанов. Во вториот дел судиите ги земаа работите во свои раце изненадени од водството на ФК Каменица Саса. Па така, на самиот почеток на второто полувреме, главниот судија за само 5 минути подели 3 жолти картони на фудбалерите на ФК Каменица Саса, што им даде дополнителен мотив во дуелите на домаќините. изедначувањето стигна во 51 минута од натпреварот кога Рафески Валентино по одбиена топка од корнер стрелаше прецизно.

Играта се префрли на средината на теренот и работеше свирчето на судијата со полна пареа. Кога домаќините напаѓаа, секој контакт беше фаул, а кога гостите напаѓаа секој напад беше офсајд. Се до 76 минута од натпреварот, кога повторно одбиена топка од корнер Горан Здравков стрелаше прецизно. За неверување беа многу од одлуките на судиите, но она што стави шлаг на ова во најмала рака, некоректно судење беа додатни “само” 2 минути и покрај тоа што имаше огромен број на фаули, замени, жолти картони, намерни задржувања на време, корнери итн. итн.

*текстот во целост е преземен од официјалната страна на ФК Каменица САСА, објавен по одигрувањето на денешниот натпревар, дел од четвртото коло на Втората македонска лига против ФК Плачковица од Радовиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *