
Климатските промени и пролетните мразеви удрија и по пчеларството. Новите климатски прилики во комбинација со вирусните инфекции донесоа смртност и до 80% на пчелите во одделни пчеларници.
- Климатските промени и овде се осеќаат, збунети сме и ние и пчелите. Оваа година мразот ни предизвика големи штети. Очекуваме субвенции и помош, изјави Младен Николовски, пчелар.
Со цел надминување на нејаснотиите и проблемите во пчеларството, Здружението на каменички пчелари организираше практична едукација на своето членство за пролетниот развој на пчелите.
- Да им помогнеме на пчеларите. Развојот спрема климата е во мал застој, кажа Николовски.
Здружението на каменичките пчелари најавува поддршка на своите членови за развој на пчеларството во М Каменица.
- Имаме проект за доделување на пчелни семејства на млади пчелари кои ќе с епријават кај нас,повикот ќе биде отворен за една недела и сите ќе добијат по една пчела. Исто така, со поддршка на пчелари од другите градови ќе се обидеме да произведуваме и други производи од пчели, како матичен млеч, прополис, истакна Боге Јанковски, претседател на „Еко кам мед“.
- Ние имаме иднина во производство на квалитетен, еколошки мед, зашто поднебјето не ни е загадено, дополни Николовски.
Ове активности каменичките пчелари ги реализираат со поддршка на општината. Пред два месеци на 60-ина пчелари од рударска Каменица беа донирани медоносни дрвца, а поддршката од општината во комбинација со еколошката средина и производството на еколошкиот мед треба да донесе и економски бенефит на пчеларите и развој на регионот.