КК “Баскет Кам” силен конкурент за медал во домашните првенства во женска и машка конкуренција

Македонска Каменица, 09.03.2020 година – Баскет Кам од Македонска Каменица и оваа година бележи одлични резултати, како во првенствата од првата женска и втората машка лига, така и во младинските натпреварувања.

Екипата на ЖКК Баскет Кам е веќе пласирана екипа на разигрувањето од куп завршницата, за кое натпреварување напорно се подготвуваме. Оваа година како екипа сме далеку  поорганизирани во играта и освојувањето на еден од медалите е наша цел. Интензивно работиме, силен тренажен процес е пред нас и се надеваме дека ќе оствариме успех кој ќе ги задоволи нашите желби  – изјави Јордан Цветановски, тренер на Баскет Кам – Македонска Каменица

По одиграни 15 кола, со 12 победи и три порази, моментално сме на третата позиција од табелата на Првата македонска кошаркарска лига за жени. Ова претставува одличен успех за нас, ако знаеме дека екипите на Баскет Кам сите натпревари и тренизи во есенскиот дел ги имаа во Скопје, поради реновирањето на спортската сала во Македонска Каменица. Сакам само да додадам дека во женската М-18 конкуренција со 7 победи и еден пораз сме на високото второ место, што кажува дека како стручен тим постојано вложуваме и во младинските категории, што го потврдуваме и преку учеството на поединки во репрезентациите на младниско и сениорско ниво, – дополни Јордан Цветановски во својата изјава

И машката екипа на Баскет Кам не заостанува во успесите, бидејќи е една од екипите претендент за разигрување кое директно води во Првата машка кошаркарска лига.

Борбата за четвртата позиција помеѓу неколку клубови е изедначена, имаме ист број на бодови, што дава дополнителен стимул, да го дадеме максимумот на сите натпревари и на секој дел од теренот, – кажа во својата изјава Горан Даниловски, тренер на машката екипа на Баскет Кам од Македонска Каменица

Даниловски надополни дека, заедно со екипите на Вардар, Пелистер и Куманово, машката М-13 екипа ќе учествува на популарниот SportClub Basket4Kids, каде победникот патува на завршниот турнир помеѓу најуспешните шест претставници од сите поранешни југословенски републики.

КК Баскет Кам е првата кошаркарска екипа од Македонска Каменица која втора година настапува во домашните првенства од Првата женска и Втората машка лига, во континуитет од веќе 7 години работи и настапува со младински категории, што нашиот град го претвори во расадник на млади кошаркарски таленти како во машка, така и во женска конкуренција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *