КК „Баскет-Кам“ очекува силна поддршка од трибините за победа во 4-те дерби натпревари викендов

Љубителите на кошарката во Македонска Каменица имаат богат спортски викенд пред себе. КК „Баскет Кам“ игра дури 4 дерби натпревари на кои што очекуваат многубројна публика за поддршка од трибините.

Првиот натпревар е со почеток од 13 часот во сабота, помеѓу ЖКК „Баскет Кам“и ЖКК „Бадел“ од Скопје. Бадел е актуелен шампион на Македонија и сеуште е непоразена екипа во гдодинешново првенство. Натпреварот помеѓу КК „Баскет-Кам“ и КК „Баскет Дино“ Кочани ќе се одигра со почеток од 16 часот. Овој натпревар е посебно интересен, бидејќи важи за локално кошаркарско дерби.

Во недела се играат два натпревари против екипата на ЖКК „Струга“2009. Првиот натпревар започнува од 13 часот, а веднаш потоа од 15 часот следува и вториот натпревар.

Од КК „Баскет-Кам“ ја очекуваат поддршката од публиката на трибините и ветуваат одлични натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *