КИЦ Романса: Не пропуштајте ја балканската хит комедија „Чекајќи го министерот“ со Лидија Вукичевиќ

Не пропуштајте ја балканската хит комедија “Чекајќи го министерот” со Лидија Вукичевиќ, Семир Гициќ и Сашо Ристовски.
Дом на култура, Сабота 28.05.2022 година. Почеток,19 часот.
Дејството на претставата, која во организација на КИЦ Романса гостува во Македонска Каменица, се случува во руинирана кафеана, за чие реновирање во очекување на доаѓање на министерот е ангажиран дизајнер. Покрај Лидија Вукичевиќ, актерка која публиката ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.
Влезници за претставата по цена од 200 денари, веќе се пуштени во продажба. Можете да ги набавите во Домот на култура, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *