КИЦ РОМАНСА: ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ДРАГАН КУЗМАНОВСКИ

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ДРАГАН КУЗМАНОВСКИ

12:00 часот, 05. Јули 2022 година, е резервиран термин за отварање на Ликовна изложба на слики од авторот Драган Кузмановски во Домот на култура во Македонска Каменица.

Драган Кузмановски роден е 1956 година, во село Латово, општина Македонски Брод. Основно и средно гимназиско  образование завршува во Кичево. Студира сообраќај на Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола. Денес, живее и работи во Скопје, каде со сликарство се занимава скоро 20 години.

Делата се работени во маслена и акрилна техника на платно и се наоѓаат во бројни колекции во Македонија,САД и Канада. Неговите мотиви се инспирирани од непосредни доживувања и живописни крајолици во Македонија. Особен акцент става на руралната архитектура која побудува реминисценција на едно дамно минато време кое оставило трага во елементите на старата македонска и албанска архитектура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *