„Кит-го“ ги купи маркетите на „Туш“ во Македонија

Трите маркети во Велес, Штип и во Куманово уште неколку месеци ќе работат под брендот „Туш”, кога ги очекува ребрендирање во „Супер Кит-го”.

Сопственикот на „Кит-го”, Кире Гогов, вели дека станува збор за бизнис-зделка која е дел од стратегијата за ширење на малопродажната мрежа на „Кит-го”. Како што изјави тој за InStore, сите доставувачи ќе бидат целосно исплатени од страна на „Туш”, кој залихите на стока му ги продал на „Кит-го”. Маркетите „Туш” имаат високо реноме меѓу потрошувачите, кое ќе работиме да го задржиме, при што концептот на работа на сите маркети ќе го задржиме, а и вработените си останат на своите работни места, вели Гогов.

Ања Марјетич од одделот за односи со јавност на „Туш” во Словенија, вели дека продавањето на маркетите следува по одлуката на „Туш” за дезинвестирање, која го опфаќа и македонскиот пазар.

За потсетување, „Туш” влезе во Македонија во 2009 година, а повлекувањето од македонскиот пазар следува по повлекувањето од Србија и од Босна и Херцеговина, со што овој синџир останува присутен само во својата матична земја Словенија.

Извор- InSTore

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *