Кина во 2020 година ќе лансира вештачка месечина која ќе осветлува цел град

Кина ќе лансира вештачка месечина во Вселената која ќе го осветлува еден од најголемите градови во земјата, 14-милионскиот Ченгду во провинцијата Сечуан.

Предвидувањата говорат дека сателитот ќе биде поставен во Земјината орбита до 2020 година. Телото ќе има функција да ја рефлектира сончевата светлина и навечер, со цел потполно да ги замени уличните светилки. Тоа би значело и поевтин извор на енергија, објави „Телеграф“.

Во 1999 година, руски научници имаа сличен нацрт-проект за Сибир, но тој не беше реализиран.

Кинескиот Институт за воздухопловна и вселенска наука и технологија, засега не открива колку овој проект ќе чини. Предвидувањата говорат дека сателитот ќе биде поставен во Земјината орбита до 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *