КИЛОГРАМ ФЕРАРИ ПОСКАП ОД КИЛОГРАМ ЗЛАТО!?

За класичниот Ферари 250 ГТО од 1962 година со право може да се каже дека е „вреден како злато“, дури и повеќе.

Златото долго се смета за највредната и најстабилната инвестиција, денеска слично може да се каже и за ретките класични автомобили, каков што е овој Ферари 250 ГТО стар повеќе од половина век.

Моделот на Ферари 250 ГТО е рекордер кога станува збор за продажба на аукции на олдтамјери. На аукција во август во Монтереј едно ферери ГТО 250 од далечната 1962 е продадено за неверојатно 48 405 000 долари.

Оваа астрономска цена го прави ферарито буквално повредно и поскапо од злато.

Имено, Ферарито ГТО 250 има маса од 880 – 950 килограми во зависност од изворот на информации., Ако навистина тежи 880 кг тогаш еден килограм од овој автомобил вреди околу 55000 долари, ако пак ферарито е тешко 950 кг, тогаш килограмот вреди 51000 долари.

Од друга страна пак килограм злато на почетокот ан годинава вреди 41430 долари што значи дека килограм од Ферарито ГТО 250 вреди повеќе од килограм од најдрагоцениот метал.

Но, во овој случај сепак станува збор за еден екстремно скапо продаден автомобил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *