Кејот на Каменичка Река се уредува со стилски пешачки патеки

Во склад со своите овластувања општина Македонска Каменица продлжува со доуредувањето на Кеј на Каменичка Река. Во текот на наредните денови, започнувајќи од денес, ќе бидат поставени повеќе пешачки стази и додатна урбана опрема на двете страни од речното корито на Каменичка Река. Градежните активности ги изведува „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ – Охрид  врз основа на Договорот за изведување на Бетонски работи и партерно уредување на површини на територијата на Општината.

По завршувањето со изградба на пешачките стази, градежните активности продолжуваат со поставување на пешачка патека долж улицата пред Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и градскиот плоштад во Македонска Каменица. Со тоа ќе биде олеснето движењето на пешаците, а нивната безбедност ќе биде на повисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *