Во шестото коло од нашата квалификациска група за Европското првенство во фудбал во 2020 година, синоќа македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Летонија ја совлада домашната репресентација со 2-0 (2-0).
Првиот гол, по асистенција на Елмас, го даде Пандев во 14. минута, а три минути подоцна, со удар од работ на шеснаесетникот, Барди го постигна конечниот резултат. Нашата селекција во текот на мечот имаше уште неколку одлични шанси, а неколкупати кон нашиот гол сериозно се заканија и Летонците. По одигрувањето на шестото коло во нашата група, Полска има 13 бодови, Словенија – 11, Австрија – десет, Македонија и Израел по осум, а последна, без бодови, е Летонија.