Картички за зелена нафта за земјоделците од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 30.08.2019 година – Денес, во канцеларијата на ПЕ на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците од Македонска Каменица. Со оваа мерка се опфатени околу 1200 земјоделсци општините Македонска Каменица и Делчево. Во овие два региона, според евиденцијата на Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Делчево има вкупно 3200 активни земјоделски регистри, на кои, како што информираше раководителот на секторот земјоделие, Илија Каранфиловски, примарна дејност им е земјоделството.

Како региони кои се под наша надлежност, во каменичкиот и делчевскиот регион заедно имаме 3500 регистри од кои 3200 се активни. Тоа се земјоделски стопанства на кои примарна дејност им е земјоделството. Условите за добивање картичка за зелена нафта е земјоделците да имаат пријавено единствено барање во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во 2018 година. Во зависност од дејноста со кое се бави земјоделското стопанство и вредноста на картичката е различна. Земјоделските стопанства кои имаат овошни култури ги следува 45 литри нафта, односно 2800 денари по хектар, градинарските култури 2250 денари по хектар, индустриските култури 18 литри или 1120 денари и полјоделските култури во вредност од 12 литри или 750 денари по хектар. Оваа вредност е 30 проценти од реалната потрошувачка на гориво, со тенденција во наредните неколку години да расте до 50 проценти, рече Каранфиловски.

На официјлниот почеток од доделувањето на картичките за зелена нафта за земјоделците од Македонска Каменица, присуствуваше и градоначалничката Стаменкова која изјави:
– Со мерката која опфаќа 30 проценти за набавка на гориво во првите години, ќе бидат опфатени 1200 земјоделци од нашиот крај. Предвидениот буџет на ниво на држава е 200 милиони денари. Земјоделците од Македонска Каменица и Делчево ќе искористат 2.415.000,00 денари. Присуството на официјалниот почеток од доделувањето на картичките за зелена нафта во нашата општина, го искоритив да доделам неколку од нив и да извршам увид и текот на работата за нивна распределба.
Како крајни корисници на овие мерки се земјоделци кои се производители на поледелски и градинарски култури, посточеки лозови и овошни насади при што придобивките земјоделците ги оечкуваат во бидат во насока на поекономично производство и намалување на трошоците на земјоделците.
а

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *