Каменичките пензионери ќе учествуваат на “Музичките ревии на оро и песна” во Виница

Здружението на пензионери од Македонска Каменица ќе учествува на 17 издание на регионалните пензионерски “Музички ревии на оро и песна” кои ќе се одржат во Виница.

Покрај пензионерите од Македонска Каменица, учество на годинешнава ревијата ќе земат и пензионерите од Берово, Пехчево, Кочани и Виница. Фолклорниот состав од нашиот град ќе настапи со неколку интерпретации на песни од фолклорот во нашиот крај и изведба на повеќе ора карактеристични за каменичкиот крај. Душко Богатиновски ќе ја изведе изворната “Кога си Ленче болно легнало”, Трио жени ќе настапат со “Лешо пиле”, а играорната пензионерска група ќе ги изведе ората “Бате Геро”, “Ситното”, “Копачката” и оро “Сасанско мешано”.

Здружението на пензионери од Македонска Каменица традиционално настапува и учествува на сите фолклорни и спортски манифестации кои се организираат во регионот со години наназад. Денешното гостување на “Музичките ревии на песни и ора” во Виница ќе го искористат за промоција на традиционалната манифестација “Бабина Баница” која на 02.Јуни, по осми пат ќе се одржи на манастирско – туристичкиот комплекс во село Цера.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *