Каменичките пензионери учествуваа на 24. Регионални спортски игри во Берово

Под мотото ,,Забава-спорт-здравје, денеска во Берово се натпреваруваат 350 пензионери од Берово, Пехчево, Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево,  на 24-тите Регионални спортски игри за пензионери.

Пензионерите  се натпреваруваат во различни дисциплини, салонски игри, кои се состојат во шах натпревар, табла, домино и  пикадо, до  атлетски игри, трчање на  далечина, гаѓање со воздушна пушка, тегнење на јаже, скок во далечина,  фрлање кош и шутирање на гол.

Поздравувајќи ги пензионерите, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски им посака добар престој во Берово, убава дружба и забава, фер игра и да победи најдобриот.

Целта на овие игри, како што истакна Претседателот на Здружение на пензионери Берово, Васе Механџиски, е  дружење, спортување и преку спортскиот дух, зачувување на здравјето, а за победниците се обезбедени пригодни награди и благодарници.

На денешните пензионерски спортски игри учествуваат 55 пензионери од Берово, а најстариот учесник е 80 години.

Овие спортски игри, упатија јасна порака дека ,,Не можеме да го спречиме стареењето, но од нас зависи, колку ќе остариме”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *