Каменичанката Анастасија Стојковска четврта на турнирот во тенис за средношколци

На државниот натпревар за средни училишта во тенис, кој на 29. Мај се одржа во Скопје, учествуваше Анастасија Стојковска ученичка при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица.

Под менторство на професор Лилјана Петровска, нашата сограѓанска и покрај силната конкуренција на завршниот турнир успеа да се пласира на високото 4. место. Со успехот на ова натпреварување младата Анастасија уште еднаш го покажа потенцијалот за развој на својот талент во овој спорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *