Каменичани „мрднаа со прст“

Македонска Каменица, 18.05.2018 – Денес, во Македонска Каменица се оддржа настанот „За почиста и поубава Македонска Каменица“ во рамки на акцијата „Мрдни со прст“, која пак како проект се реализира од страна на НВО „КХАМ“ од Делчево во неколку општини во Источна Македонија. Учество во акцијата зедоа вработени од ЈП „Камена Река“, ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, членови на локалното Здружение на пензионери, Еколошко друштво „Здравец 2002“, а настанот беше поддржан од општина Македонска Каменица и градоначалникот Соња Стаменкова.

Во рамки на оваа акција беа спроведени неколку активности на Градскиот плоштад и кејот на река Каменичка. Реконструирана е стара урбана опрема и поставени се нови корпи за отпадоци, а членовите на каменичкото Здружение на пензионери подготвуваа баница на традиционален македонски начин, што е и своевидна најава за манифестацијата „Бабина баница“ која годинава ќе се оддржи на 03-ти јуни, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *