Каменичанецот Стаменковски со две освоени злата во Одеса, Украина

Каменичанецот Бошко Стаменковски, се враќа со два златни медали од Одеса, Украина каде викендов учествуваше на Меѓународното отворено првенство во пауерлифтинг. Стаменковски повторно беше неприкосновен во своите дисциплини и златото го освои бенч и мулти бенч. Покрај тоа, на ова Меѓународно натпреварување, Бошко беше проглссен и за најдобар мулти-бенчер.

-Сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа да се реализира ова мое патување на Меѓународниот турнир во Украина. Првите места ги освоив во категоријата за натпреварувачи до 75 килограми, каде бев најдобар во дисциплините Бенч и Мултибенч. Како резултат на овој успех ја добив и наградата за најдобар мултибенчер. Златните медали ги посветувам на потесниот круг на семејството, кои се и мојата најголема поддршка, истакна Стаменковски.

Медалите како што додава имаат посебно значење за него, затоа што на ова првенство во Украина учествувале најдобрите бенчери од Европа.

Стаменковски е еден од ретките спортисти во Македонија кој со пауер лифтинг започна да се занимава по 40 година од животот и за неполни 10 години, освои речиси се што можеше да се освои од големите натпреварувања во пауерлифтинг. Има освоено преку 50 медали што го вбројува меѓу најуспешните спортисти во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *