Каменичанецот Стаменковски апсолутен победник на натпреварувањето во Крагуевац, Србија

Во чест на промоцијата што каменичанецот Бошко Стаменковски ја има направено за Пауер-лифтинг спортот, Стаменковски од страна на организаторите доби неколку благодарници и дипломи.

Пауер-литинг (Power-lifting) претставникот на Македонија, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица и овој пат ги освои сите награди на натпреварот што се одржа во Крагуевац, Србија.

Каменичанецот Бошко Стаменковски, минатата недела присуствуваше на семинар и натпревар во Пауер Лифтинг во Србија, каде имаше можност да ги покаже своите несомнени квалитети и способности. Во натпреварувачкиот дел беше поделен во неколку категории и тоа: згибови, пропаѓања и склекови, како и апсолутна категорија.

 

Стаменковски на крај ги собра сите признанија и медали, каде што освои прво место во склекови, прво место во пропаѓања, потоа трето место во згибови и беше апсолутен победник. Освен тоа доби и неколку благодарници во чест на доприносот и промоцијата што ги има направено во изминативе неколку години за Пауер-лифтинг спортот.

Пред еден месец, Стаменковски на Европското првенство во Пауер-лифтинг, што се одржа во Егер, Унгарија, го освои сребрениот медал.

Во тек се интензивните подготовки за Европскиот куп кој годинава ќе се одржи во Ајндховен, Холандија. Тоа е едно од најсилноте натпреварувања во светски рамки на кое учество оваа година ќе земат 19 држави, не само од Европа, како САД, Алжир, Мароко, Тунис итн. Како претставник на Република Македонија, на овој Куп ќе учествува и Бошко Стаменковски, од кого сите очекуваат уште неколку освоени медали и на ова натпреварување. Ова очекување во тимот што ќе ја претставува Македонија на ова натпреварување се потврдува и во следново видео, каде популарниот во светски рамки Бошко Стаменковски е најавен како главен промотор на овој спорт на Балканот и пошироко. Кликнете тука за да го погледнете видеото, делот каде станува збор за Бошко Стаменковски е на 18:30 минута.

Видео: Бошко Стаменковски прво место – пропаѓања

Видео: Бошко Стаменковски со одлични прикажани перфоманси

Фото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *