Каменичанецот Марио Ристов е старо-нов средношколски државен првак во атлетика

Каменичанецот Марио Ристов, ученик во средното училиште “Васил Антевски Дрен” во Скопје е старо-новиот државен првак во атлетика. На државниот натпревар, кој се одржа во Куманово за средните училишта од државата, во дисциплината скок во височина со прескокнати 1 метар и 70 сантиметри Марио Ристов и годинава успеа да освои злато. Во текот на претходните државни натпреварувања, како ученик во каменичкото ООУ ” и Св.Кирил и Методиј” и СОУ “Миле Јаневски Џингар”, Марио има освоено два златни и еден сребрен медал.

Марио Ристов е поранешен кошаркар од младинската школа на КК Баскет Кам од Македонска Каменица, а неговиот талент за скок во височина го откри наставникот и ментор по физичко воспитување во основното училиште, Мира Гошевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *