Каменичанецот Далибор Дац Стаменковски најуспешен помеѓу скокачите по крстот во Пиемонте, Италија

Традицијата на фрлање на чесниот Крст во речните корита, не ги одмина и Македонците во Италија. Иселениците од регионот Пиемонте, денес чесниот Крст го фрлаа во втората по големина река Тенаро, каде најсреќен беше Далибор Стаменковски.

Како што информираа иселеници од оваа област, на чинот на фрлањето на крстот присуствуваа дел од иселениците од Источна Македонија кои се и најбројни во областа Пиемонте.

-Бог се јави, навистина се јави, нека е за многу години денешниот празник. И овде во Италија не ја забораваме традицијата за Водици. Над педесетина пријавени денес учествуваа на чинот на фрлање на крстот во реката Тенаро, при што најсреќен беше Далибор Стаменковски. На сите учесници и сите Македонци од Пиемонте и пошироко им посакуваме добро здравје и многу успех во новата година, истакнаа македонските иселеници.

Фрлање на крстот за Водици во Италија, како што додадоа имало и во уште неколку градови во Италија каде претежно живеат Македонци..

Од Источна Македонија во Италија, иселениците најбројни во северна Италија, каде според слободна проценка својата егзистенција ја нашле над 50 илјади Македонци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *