Каменичанецот Влатко Стојановски прогласен за најдобар играч на 32. Коло

НАЈДОБАР ИГРАЧ НА 32. КОЛО: ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (РЕНОВА)

Ренова и натаму силно се надева на четвртата позиција во шампионатот која би можеле да значи и место на европската сцена следната сезона. Сето тоа благодарание и на неверојатниот триумф од 9-1 против Победа изминатиов викенд. А, во таа победа офанзивецот Влатко Стојановски запиша дури четири погодоци што неизбежно го издвојува како најдобар фудбалер за 32. коло во Првата лига, според изборот на МАКФУДБАЛ.

„Без разлика кој е противникот од спротивникот секако никогаш не е лесно да се стигне до една таква победа. Но, ние одигравме максимално сериозно и сето тоа следеше со триумфот. Секако тоа е пред се победа на тимот, а јас само како една алка од него ете успеав да постигнам четири погодоци“ – вели Влатко Стојановски кој се издвојува и како убедливо најдобар стрелец во шампионатот.

Ренова во следното, 33. коло од првенството, веќе утре гостува на Беласица во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *