Каменичанецот Влатко Стојановски преминува во француски Ним за 1,5 милион евра

Македонска Каменица, 02.07.2019 година – Според пишувањата на познатиот спортски информативен сервис Екипа.Мк најдобриот стрелец во македонскиот шампионат изминатава сезона Влатко Стојановски кариерата ја продолжува во францускиот прволигаш Ним.

22-годишниот офанзивец одличната сезона во дресот на Ренова ја круниса со трансфер во една од Топ 5 лигите во Европа, денеска и официјално потпишувајќи тригодишен договор со Ним. Целокупниот трансфер е реализиран за вкупна сума од 1,5 милион евра.

Прочитајте повеќе: „Де Пласт Монт“ гради модерен производствен погон во Македонска Каменица

Стојановски претходно во својата кариера настапуваше и за Металург во македонскиот шампионат, а има играно и за хрватските Сплит и Дугопоље.

Извор на веста: Екипа.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *