Каменичанецот Благојчо стекнува популарност ширум Македонија по неговото вечерашно учество во квизот „Арена“ на Алфа ТВ. Брилијантните одговори и редица комични ситуации го направија последното издание на „Арена“ едно од најгледаните. Иако Благојчо учеството во квизот го заврши со минус на бодовното салдо, сепак ги освои симпатиите на македонската јавност. Ако сакате да дознаете кој е главен град на Јамајка, колку филмови има снимено Џемс Дин и слични работи кои може да ви бидат од корист во животот, чекајте ја репризата на квизот „Арена“.