Каменица ќе биде цветно-декоративно уредена и во зимскиот период

Вработените во Јавното претпријатие ,,Камена Река ” од денеска започнаа со цветно уредување на општина Македонска Каменица. Во паркот кај споменикот на народниот херој Вера Јоциќ беа засадени околу 200 љубичици во најразлични бои, произведени во расадникот на „Камена Река”.

Цветно – декоративно разубавување на зелените површини во општина Македонска Каменица ќе продолжи и во наредниот период со садење на едногодишни и многугодишни цвеќиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *