Каменица со -6 еден од најладните градови утрово. Облекувајте се топло, поларниот студ ќе трае и во наредните денови

И ова утро е  доста ладно насекаде во Македонија. Мрзнат сите градови низ државава, а најстудено е повторно во Берово каде утрово се измерени -8 степени Целзиусови, со што Берово и ова утро е најстудениот град во Македонија. Во Македонска Каменица температурата се задржа до шестиот степен под нулата.

-6 степени се измерени во Лазарополе, Прилеп и Битола, -5 во Скопје Петровец, -4 во Тополчани, Дебар и Демир Капија, -3 во Крива Паланка, Крушево, Маврово, Тетово и Струмица, -2 во Штип, Куманово, Скопје на Зајчев Рид и Охрид, -1 во Ѓуриште, Претор и Гевгелија, 0 во Виница и Пожаране до 3 степени во Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава е ведро со појава на мала до умерена облачност, особено во источните делови. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната ќе достигне до 12-тиот степен.

Слично време не очекува и во наредниот период со температури длабоко под нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *