„Каменица САСА“ ја очекува тежок натпревар против „Тиквеш“ во Кавадарци

Денес се игра 3-то коло од Втората македонска фудбалска лига. ФК Каменица САСА патува во Кавадарци на натпревар против екипата на ФК Тиквеш. Во првото коло од пролетниот дел Каменица САСА успеа да одигра нерешено против ФК Кожуф Гевгелија (1:1), а во второто беше слободна. Од стручниот штаб изјавуваат дека, доколку успеат да ја повторат играта од Гевгелија, прикажана пред 14 дена, можат и денес да се надеваат на победа и на нови 3 бода.  Денешниот натпревар ќе биде тежок, како поради лошите временски услови, така и поради битноста од исходот на натпреварот кај двете екипи.

САСА во моментов е на седмата позиција со 15 бода, а Тиквеш е петти со 23 освоени бодови. САСА има 4 бодови предност пред Осогово, а заостанува 6 бода зад Плачковица – Радовиш. Денешната победа на САСА е од огоромно значење, бидејќи со три нови бодови каменичани фаќаат приклучок кон средниот дел на табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.