КАМЕНИЦА: КРАТКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕШТЕНСТВОТО И РАСПОРЕД ПО ПОВОД „ЗАДУШНИЦА“ (САБОТА 10. ФЕВРУАРИ 2018)

„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица:

  • Грчки гробишта – 06:30 о.Мартин
  • Гробишта село Саса – 06:30 о.Александар
  • Гробишта село Моштица – 06:30 о.Дарко
  • Нови градски гробишта (Сарафски) – 07:45 о.Александар
  • Стари градски гробишта (храм Св. Илија) – 08:00 о.Дарко

    Од свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published.