„Камена река“ ќе го собира градежниот шут и дотраениот мебел од Каменица

На иницијатива на општина Македонска Каменица, Јавното претпријатие „Камена Река“ ќе започне со собирање на градежен шут и непотребен мебел.

Поради тоа, Ј.П. ,,Камена Река” како главен сервис на граѓаните на општина Македонска Каменица, ги известува корисниците на комунални услуги дека ќе врши изнесување и депонирање на градежен шут (кој претходно треба да биде соберен во вреќи од страна на граѓаните) и транспорт на стар мебел. За изведување на овие активности корисниците претходно треба да пријават или да ги известат надлежните органи на телефонскиот број 033 432 694 или на e-mail: jpkamenareka@yahoo.com. Сите оние кои несовесно вршат фрлање на градежен шут и стар и дотраен мебел до контејнерите за отпадоци ќе бидат санкционирани од надлежните органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *